Страв од ИСИС: Снајперисти и дронови за безбедост на Реал и Манчестер Јунајтед

Суперкупот на Европа вечерва е еден од најдобро обезбедуваните настани во историјата на независна Македонија кој може да се спореди само со погребот на претседателот Борис Трајковски кога во земјата дојдоа педесетина светски лидери.

Со оглед на тоа што се работи за спортски настан на светско ниво кое што е идеален како цел на терористичките групи но и поради најавите на ИСИС дека Балканот е една од приоритетните цели за терористички напади, главниот град практично е во вонредна состојба.

Според планот за обезбедување на играчите и останатите актери пред за време и по натпреварот кој не се објавува во јавноста, македонската полиција поддржана од сите други безбедносни структури ги активирала сите свои капацитети за да мине се во најдобар ред.

Активирани се специјалните сили на полицијата, на дел од највисоките згради во центарот на Скопје се распоредени снајперисти а Скопје, особено реоните во близина на Арената Филип Втори се надгледувани и од воздух.

Во обезбедувањето директно се ангажирани околу 2600 полицајци но во состојба на подготвеност се сите останати припадници на МВР а ако има потреба можат да бидат ангажирани и припадниците на одредени единици на Армијата кои што заедно со полицијата се грижеа за безбедноста на американските сили и воена техника на минатонеделната презентација во Скопје.

Според безбедносите анализи и на домашните и на странските служби за безбедост како и оние на УЕФА мечот Реал Мадрид – Манчестер Јунајтед е натпревар од висок ризик не поради опасноста од судири меѓу навивачите туку затоа што било каков инцидент на натпреварот кој го пренесуваат 195 земји во светот може да донесе поени за потенцијалните извршители.

Според планот кој што пред еден месец го објавија западните медиуми Исламската држава планира да употреби самоубијци за извршување на терористички напади во кои главна цел се цивилни жртви на големи јавни настани.

Над 1000 луѓе од Македонија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина се дел од силите на ИСИС во Сирија и Ирак а десетина од нив се дел од специјалната единица во која членуваат самоубијци – терористи. Над 300 членови на ИСИС веќе се вратени во регионот, најголем дел не можат да се пацифизираат и интегрираат во општеството и сеуште се активни во промовирање и регрутирање за целите на Исламскиот Калифат.

SHARE