Талат Џафери: Обвинителството го прекршило уставот и деловникот на Собранието

Спикерот на Парламентот Талат Џафери во врска со акцијата на полицијата за апсење на пратеници смета дека Јавното Обвинетелство направило прекршување на уставот на РМ и правните процедури.

Џафери кој е во посета на Шведска за медиуммите на албански јазик изјавил дека Јавното Обвинителство не постапило во согласност со членот 64 од уставот и членовите 51 до 59 од деловникот на Собранието.

Според Џафери пред да бидат уапсени пратениците Обвинителството требало да побара Собранието да го одземе имунитетот на пратениците кои се дел од судскиот случај.

„Мислам дека во контекст на членот 64 од Уставот и во врска со членовите 51 до 59 од Деловникот има прекршување при спроведување на соодветни процедури“, изјавил Џафери, пренесува Инфошчип.ком.

SHARE