Соединетите Држави и Полска го критикуваа проектот „Северен тек-2“, преку кој Германија би добивала поголемо количество руски гас.

„Полска и САД се против Северен тек-2“, затоа што, ова претставува закана за целокупната безбедност и стабилност на Европа во областа на енергетската политика” изјави државниот секретар на САД, Ркс Тилерсон, пишува Bayerischer Rundfunk.

Според него, станува збор за „план на Русија да се политизира доставата на гас и да се елиминираат обидите на Европејците да добијат поголема независност во снабдувањето со руски гас“.

Полскиот премиер Матеуш Моравески и министерот за надворешни работи, Јацек Чапутовиќ, исто така, изразија „предупредување за зависност од Русија“.

Полска вевеќе неколку години го критикува проектот „Северен тек-2“,  обвинувајќи ја Германија за „себична политика“.

САД и нивните сојузници во Европа веќе неколку години бараат „намалување на зависноста од рускиот гас“.

Американците сакаат да го зголемат својот извоз на компримиран гас за земјите од Централна и Источна Европа, пишува весникот.

Во јуни 2017 година Полска за прв пат прими набавки од Америка. За време на неговата дводневна посета на Полска, Тилерсон ги увери своите сојузници дека Полјаците треба да ја поддржат оваа стратегија против Русија.

„Полска е прекрасен, демократски сојузник на САД“, изјави американскиот политичар за локалните новинари.

Од друга страна, ЕУ смета дека Полска стана „помалку независна“, а во декември за првпат во својата историја Европската унија воведе санкции кои би можеле да доведат до таму Полска да го загуби своето право на глас во Унијата.

SHARE