Тодор Петров кабает ако не се реши името

„Светски македонски конгрес“ – екстремистичка националистичка организација денеска усвои декларација со цел „одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата“, пишува грчкиот „Капитал.гр“.

Во продолжение, порталот објаснува дека оваа „екстремистичка организација“ изгубила дел од своето влијание откако премиерот Зоран Заев дошол на власт.

Порталот ја бои СМК со екстремистички епитети, оти „ги повикувала на непослушност граѓаните, апелирајќи им да изберат самите на кој начин ќе делуваат“. Аргументите медиумот ги темели и врз основа на тоа што СМК „ се противи на било каков референдум, ратификација на меѓународен договор за изменување и дополнување на Уставот со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата“.

“Повикува на безусловен прекин на разговорите за прашањето за името и ја повикува Атина да се извини за историски и општествени неправди извршени против Македонци во Грција, да плати надомест за искористување на природните и археолошките ресурси до 1912, како и за загубите на Македонците и нивните имоти во окупираните територии на Македонија”, се дел од аргументите во текстот на сајтот каде СМК е прогласена за крајно националистички проект.

SHARE