Трамп протерува 60 руски дипломати!

President Donald Trump attends a Greek Independence Day Celebration reception in the East Room of the White House in Washington, Thursday, March 22, 2018. (AP Photo/Susan Walsh)

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди протерување на 60 руски дипломати и затворање на рускиот конзулат во Сиетл. Овој потег на американскиот претседател доаѓа како одговор на скандалот со труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скирал во Солсбери, Велка Британија, за што официјален Лондон ја обвини за Русија.

Велика Британија која прва протера 48 руски дипломати, изврши огромен дипломатски притисок врз нејзините сојузници да го следат нејзиниот пример.

14 земји-членки на ЕУ одлучија да протераат руски дипломати во врска со случајот, потврди претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Руската амбасада во Вашингтон претходно побара од Трамп да не се осврнува на „лажните вести“ за труењето на Скрипал.

Британскиот премиер Тереза Мај ја обвини Москва дека стои зад труењето на поранешниот шпион Скрипал и неговата ќерка во градот Салисбери на почетокот од март.

SHARE

Comments are closed.