Трговците од Кукуш кукаат што Гевгелија им ги „краде“ купувачите

Праксата на жителите од северниот дел на Грција главно преку викенд да одат на шопинг во Македонија предизвикува длабоко незадоволство кај трговците во Кукуш.

„Секој викенд локалните пазари во ПЈРМ во близина на границата со нашата земја, а особено тој во градот Гевгелија, кој е на само пет километри од границата, се полни со толпи Грци, кои одат ‘отаде’ за да купуваат. Овој феномен почна да станува поинтензивен за време на економската криза, бидејќи цените во соседната земја се пониски. Сопствениците на продавниците во Кукуш и во околните области се длабоко незадоволни од тоа што постојано опаѓаат нивниот промет. Ниските даноци во ‘Скопје’ овозможуваат пониски цени за производите, со кои Грците не можат да се натпреваруваат!“, пишува порталот „Килкис тудеј“.

SHARE