Тричковски: Ќе го смениме името или ќе се распаднеме

Македонија ќе го смени името, без притоа воопшто да биде важно какво ќе биде новото име, или во спротивно ќе се распадне.

Новинарот Бранко Тричковски без влакна на јазикот порачува дека не менувањето на името е позиција не само глупава, туку и егзистенцијално опасна, додека прифаќањето да се смени името и во тековна и во историска смисла е одговорно решение.

„Луѓето треба отворено да се соочат со крајните опции кои ќе се случат, речиси веднаш. Мислам дека речиси веднаш, тоа значи за година, две, најмногу три, ќе се распаднеме, ако решиме да не го менуваме името и речиси веднаш ќе се симнеме самите себе од класичните заебанции врзани со таканареченото македонско прашање, што не значи дека веднаш ќе потечат мед и млеко. Тука нема многу место да ги тераме сите, посебно не Грците у пизду материну, затоа што тоа не е на дневен ред, како што впрочем не е ниту чувањето на таканареченото уставно име. На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред“ – пишува Тричкоски.

Во спротивно, продолжува тој, последиците „ќе бидат драматични, безбедносно драматични, културолошки драматични, социјално итн, ќе падне вредноста на имотите, ќе отидат у курац штедните влогови, ќе се случи натамошна депопулација, ќе останеме без ништо“.
„Но, ако решиме да го смени името, нема многу смисла да се расправаме колку и како ќе го менуваме. Прифаќањето да го смениме името во однос на таканареченото национално достоинство, една измислена и манипулативна категорија од висок маштап, е како губењето на невиноста; нема достоинствено губење на невиноста од аспект на јунферот. Сеедно е како ќе се викаме, дали ќе не преведуваат или нема да не преведуваат, дали додавката ќе биде залепена за Македонија или нема да биде залепена, дали ќе го менуваме уставот, дали промената ќе биде ерга омнес, хахаха. Околу тие работи може да се преговара поради тактички причини, можеби, и поради ценкање или поради замајување на јавноста, веројатно е важна и мелодијата на новото име, Република Цела од три дела, без Македонија, односно со Македонија бо самата сентенца, има страшен дурски тон, мислам дека е најдобро решение, но од аспект на достоинството тоа нема смисла затоа што ако и имало некакво достоинство, тоа е загубено не во смената на името, туку во неговата одбрана. Утре да рече Ципрас викајте се како сакате, на нас ќе ни треба една деценија да стигнеме до минимум нешто што ќе може оправдано да се крсти достоинство на заедницата и нејзината држава!
Се согласувам дека за Грција е подобра секоја меѓународна гаранција, отколку промена на уставот, но можно е дека Грција не ја бара промената на уставот како директна гаранција, туку индиректно, преку очекуваното понижување и обезличување кое го очекува, односно преку супстанцијално декапацитирање на сите можности да бидат загрозени нејзините интереси од оваа територија. Но, дури и да е така, ние треба да ја прифатиме таа игра и на тој начин да победиме. Треба да излеземе од тоа ниво на проблемот во кое името е централен проблем и да се префрлиме на теренот на егзистенцијата и развојот, кај што можеме да победиме. Ако е горниот мотив во прашање, ние ќе победиме ако преживееме со членство во НАТО и ЕУ, без оглед на името. За нас тука и за луѓето од надвор, сегогаш ќе останеме- Македонци! Во што јас не гледам никакво задоволство или среќа, но така е, јебига, што да се прави“ – додава Тричковски.

SHARE