Тужба против Хашим Тачи за предавствo

Тужба за предавство поднесе денеска косовското движење „Самоопределување“ против претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Тужбата, според движењето, е поради тоа што Тачи во 2015 година го потпишал Договорот за демаркација на границата меѓу Косово и Црна Гора, пренесе Радио Слободна Европа.

„Самоопределување“, но и дел од косовските партии, тврди дека со договорот Косово на Црна Гора и отстапува дел од својата територија и затоа го сметаат за неприфатлив.

Гласањето за Договорот за демаркација денес уште еднаш беше одложено објави претседателот на Собранието, Кадри Весели, речиси четири часа откако не беше започната вонредната седница, пренесува Pristhina insight.

Откако не можеше да се обезбеди присуството на 80 пратеници, седницата е презакажана за утре.

SHARE