Албанските власти планираат да ги отворат за туристи старите поморски бази во земјата, пренесува кинеската новинска агенција Ксинхуа, повикувајќи се на информации од Министерството за одбрана во Тирана.

Целта е привлекување на повеќе посетители во Албанија.

Според зборовите на министерот за одбрана Олта Ксачка, поморски бази во северозападниот дел на земјата се важни за вооружените сили, но во исто време може да имаат големо влијание врз економскиот развој на Албанија, доколку станат достапни за туристите.

SHARE