Учениците да здивнат, екстерно ќе нема, ветува министерката во најава

Законските измени со кои ќе се укине екстерното тестирање ќе се направат утре, најави пратеничката Рената Тренеска Дексоска, која е предложена за Министерка за образование во идниот владин состав.

„Утре на дневен ред, на седницата на Собранието, ќе се најдат три закони со кои ќе биде укинато екстерното тестирање во основните и средните училишта. За таа цел денеска е одблокирано Собранието. Сакам да упатам порака до учениците и родителите, дека оваа година екстерно тестирање нема да има“, изјави Тренеска Дескоска.

На социјалните мрежи укинување на екстерното тестирање, како и закажувањето локални избори го најави и пратеникот Павле Богоевски.

„Кога се сака, се може. Само што ја завршивме 3-тата седница и ги избравме комисиите потребни за продолжување на мандатите на Градоначалниците и за укинување на екстерното тестирање. Во 12 продолжуваме со 2-рата седница за избор на Влада. Здравје, утре укинуваме екстерно и закажуваме локални избори“, напиша Богоевски на Фејсбук.

SHARE