Уште малку па сите Грци против „Македонија“ во името

Две различни истражувања на јавното мислење во Грција, покажуваат дека 71,7 односно  74,5 отсто од Грците не се согласуваат со име за северниот сосед во кое би бил вклучен терминот Македонија.

Во истражувањето под наслов „Што мислат Грците“, спроведено во периодот од 16 јануари до 5 февруари за весникот „Катимерини“, било поставено прашање поврзано за името формулирано на два начина:

Првата верзија, како што пренесува дописникот на МИА, гласела: „Во рамките на изнаоѓањето решение во прашањето на Скопје, Грција треба“: – да не прифати сложено име што ќе го вклучува терминот „Македонија“, за што потврдно се изјасниле 65,9 проценти од анкетираните, додека 27, отсто од испитаниците биле за слоожено со зборот „Македонија“.

Но, дури 71,5 од испитаниците се изјасниле дека Грција не треба да прифати сложено име со терминот „Македонија“ кога пред прашањето бил додаден делот „По 25 години стабилна грчка позиција во прашањето за името, веќе целиот останат свет нашиот северен сосед го нарекува Република Македонија“.

Во друго истражување за весникот „Прото тема“, анкетираните требало да одговорат дали „Владата треба да го прифати терминот „Македонија“ во новото име на Скопје или не.

Негативно одговориле 74,5 проценти, позитивно 21,8 отсто, а останатите 3,7 проценти рекле дека не знаат или не сакаат да одговорат.

Анализирајќи ги резултатите, „Прото тема“ коментира дека против компромис со терминот Македонија се 63,5 отсто од гласачите на владејачката СИРИЗА, пренесе дописникот на МИА од Атина.

SHARE

Comments are closed.