Фудбалскиот првак Вардар ќе биде сместен во втората квалитативна група и не е носител за жрепката за вториот квалификациски круг во Лигата на шампионите. Таа е предвидена за 19 јуни, а натпреварите ќе се играат во првата половина од јули. Барем половината од можните противници делуваат недостижно и несовладливо бидејќи се многу потешки финансиски, а и често се дел од групната фаза од ЛШ, што значи имаат и неопходно искуство. Еве ги оние што би било добро да се избегнат на жрепката во Нион: Селтик, Салцбург, Копенхаген, Лудогорец, Малме, Партизан, Ријека, Розенборг и АПОЕЛ.

Во втората, но никако лесна група на екипи има и неколку од помалите, послабите нации и лиги како: Хафнарфјордур, Марибор, Хапоел Бер Шева, БАТЕ Борисов, Астана и Карабах. Тука се и двата непознати претставника и учесници во оваа рунда, а тоа се првакот на Полска и шампионот на Молдавија.

SHARE