Фудбалско реми со Албанија, „Нестор гол“ немаше среќа

Фудбалската репрезентација на Албанија вечерва во Струмица се спаси од пораз пред се поради бравурозните одбрани на голманот Бериша но гостите имаа поддршка и од „фортуната“.

Сениорската фудбалска репрезентација одигра 1-1 против западниот сосед во осмиот меч од квалификациите за СП 2018 во Русија.

И покрај иницијативата на Македонија и многуте шанси во првиот дел први поведоа гостите со голот на Осиде Роши во 53.минута, а израмни Александар Трајковски од пенал во 78.минута.

Пред крајот Македонија имаше неколку огромни шанси за триумф, но и покрај желбата за победа мечот заврши со реми. Трагичар на мечот беше Несторовски кој промаши неколку пати, и Алиоски имаше можности за гол, а во ситуација да не доведе до победа беше и капитенот Горан Пандев.

 

 

 

Мечот се одигра на одличниот стадион Младост во Струмица пред околу 5 илјади гледачи а судеше Јонас Ериксон од Шведска. За нашиот тим настапија Димитриевски, Ристовски, Велковски, Муслиу, Ристевски (87’ Тричковски), Николов (58’ Трајковски), Спировски (87’ Радески), Барди, Алиоски, Пандев и Несторовски.

По вечерашните резултати во нашата група: Македонија – Албанија 1-1, Италија – Израел 1-0, Лихтенштајн – Шпанија 0-8 во водство на табелата е Шпанија со 22, следува Италија со 19 бодови а по нив се Албанија 13, Израел 9, Македонија со 7, и Лихтенштајн без ниту еден бод.

SHARE

Оставете коментар