Во изјава дадена за време на неговата посета на Берлин, македонскиот премиер Зоран Заев рекол дека неговиот грчки колега,  Алексис Ципрас е чесен и верува дека решението за прашањето за името ќе биде добар напредок  за Грција, пишуваат грчки медиуми.

„Премиерот на ПЈРМ рече дека најтешките проблеми што мора да ги надминат двете страни се оние за градење на взаемна доверба и обезбедување решение кое ќе биде конечно и ќе го заштити достоинството и идентитетот на двете страни. Тој, исто така, истакна дека Скопје нема иредентистички аспирации“, пренесе АНА-МПА.

Најважниот дел од процесот е да се изгради доверба меѓу двете страни, рече Заев, и тоа е она што се прави сега, како и да се најдат начини да се гарантира дека конечното решение ќе трае вечно.

На прашањето на АНА дали е можно да се најде решение пред следниот самит на НАТО, тој рече: „Имаме наши разлики во врска со името. Постои можност да најдеме решение, но само ако можеме да ја изградиме ова доверба и да ги обезбедиме потребните правни гаранции во процесот на преговарање за тоа што ќе биде прифатливо за луѓето“.

SHARE