Ципрас ќе го убедува Каменос за Македонија

И покрај шпекулациите за крај на соработката меѓу лидерите на Сириза и Анел, двајцата лидери на коалицијата на власт во Грција денеска на вонредна средба.

Главни теми според најавите се кризата со двајцата грчки војници притворени од страна на турската армија и Македонија.

Во пресрет на средбата со премиерот Ципрас, Каменос изјавил дека останува на ставот дека нема да прифати име за северниот сосед кое што ќе го содржи зборот Македонија.

SHARE

Comments are closed.