Човек на денот – Лилјана Поповска: Сите трансфери на „Лиле Национале“

Лилјана Поповска заедно со Амди Бајрам е македонска политичарка со најголем број „промени на политичките дресови“ а по денешната информација од Собранието јавност повторно се прашува дали следува нова подготовка за трансфер.

Денеска спикерот на Собранието Талат Џафери бил информиран дека лидерката на ДОМ Лилјана Поповска и една нејзина пратеничка Маја Морачанин нема да бидат дел од пратеничката група на коалицијата на СДСМ. Нивните имиња ги нема во дописот од пратеничката група на СДСМ до парламентот во кој се наведуваат замениците на координаторот  и членовите на пратеничката група.

Пратеничката Маја Морачанин ТВ 24 вели дека тоа е сторено во координација со СДСМ и дека не се менува ништо суштинско во нивното делување како дел од коалицијата  предводена од СДСМ.  Координаторот на  СДСМ Томислав Тунтев не бил достапен за коментар. Во дописот Тунтев го информира Џафери дека негови заменици се Соња Мираковска и Јован Митрески.

Со ова Поповска како лидер на ДОМ остава простор за дилеми дали таа уште еднаш во својата кариера се репозиционира во зависност од политичката реалност.

Поповска во 2005 година беше против законот за територијлна поделба за кој гласаа СДСМ и нивните коалициони партнери од ЛДП чиј член беше тогаш Поповска. Таа во тој период беше и заменик претседател на Парламентот.

Поповска од ноември 2005 година беше независен пратеник а по изборите и победата на ВМРО – ДПМНЕ во 2006 година беше во коалицијата „За подобра Македонија“. Прекинот на соработката меѓу ДОМ и ВМРО – ДПМНЕ се случи откако најпрвин нејзини блиски роднини и членови на ДОМ беа уапсени и осудени за кражба на артефакти во Музејот на Македонија а потоа се дистанцираше од партнерите и поради „бомбите“ во кои таа не беше спомената.

Нејзин татко е Блаже Ристовски потпретседате на првата македонска влада и академик кој беше автор на спорните делови од повлечената „Енциклопедиа“ што ја подготвуваше МАНУ.

Од Википедиа за Лиле Поповска

Политичко искуство

Други ангажмани

  • активист во женското движење и координатор на Македонското женско лоби (застапник за повеќе жени во политиката и во јавниот живот, како и за подобрување на положбата на жената во општеството);
  • член на Советодавниот одбор на работната група за полова рамноправност на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа;
  • член на советодавниот одбор на Врска Диверсити (регионален проект за подобрување на меѓуетничката соработка);
  • застапник за јакнење на цивилниот сектор преку соработката со невладини организации (хендикепирани лица, зависници од дрога, стари лица, талентирани лица, заштита на животна средина и др.)
  • соработка со меѓународни организации и институции на полето на јакнење на мирот и меѓуетничката толеранција, како и на економскиот развој.

Лилјана Поповска е добитник на републичка награда за иноваторство и на две награди за технички унапредувања во „Алкалоид“, како и на признанија и благодарници за соработка од повеќе невладини организации.

SHARE