Тивкиот, мирниот, омилениот кај колегите, играчите, навивачите, па и новинарите, Јаневски е скопјанец роден пред 56 години. Чедомир или во скопската населба Синѓелиќ, па и во Вардар од играчките денови познат како „Четка“ беше феноменален халф од славните времиња на црвено црните. Продолжи во Белгија каде што се разви и како стратег иако има искуство и од сениорската селекција на Македонија, Црвена Звезда, Грција и Кипар.

Можеби го посака, можеби се посреќи, но факт е дека тој го водеше Вардар преку Фенербахче и дека е првиот тренер што носи наш клуб во групна фаза од елитно клупско напреварување.

SHARE

Оставете коментар