„Шарениот Аргентинец“ Донев размислува за оставка

По огромниот притисок од јавноста за картата до Аргентина која што чинела речиси 4000 евра директорот на Агенцијата за туризам на РМ, Александар Донев размислувал за оставка.

Најпрвин адвокатот Александар Тортевски а потоа и дел од медиумите објавија дека Донев до конференција во Аргентина се возел во бизнис класа која чинела 220 илјади денари односно 40 илјади денари поскапо од економска класа.

Неофицијално, негови блиски соработници тврдат дека Донев ја сфатил грешката но дека сеуште смета дека треба да се искористи секоја шанса за промоција на Македонија во светот без разлика колкави се трошоците за патување или презентација на земјата на меѓународни форуми.

Тој бил и под силен притисок на владата и одредени високи владини функционери да се извини на јавноста и да се повлече но сепак сакал уште малку да размисли пред да донесе финална одлука.

Според неговите сорабтници Донев не сакал по секоја цена да биде директор но не сакал ниту да се повлече од функцијата и со тоа да ја прекине интензивната агенда за промоција на земјата која ја наметнал со неговото доаѓање.

Делумно причината за хајката во јавноста против него ја објаснувал и со кампања на опозицијата која што предходно не направила ништо на полето на туризмот и сега со напади сака да ги покрие своите грешки во спроведување на сопствената туристичка стратегија.

Донев во својата изјава во врска со патувањњето до Аргентина на настан за авантуристички туризам најави дека ќе ја врати разликата од 40 илјади денари кои што се платени како разлика од економски до бизнис билет.

SHARE

Оставете коментар