Чорбите можат да се подготват од различни видови месо и зеленчук, или само од месо или зеленчук. Истите може да се запржат со запршка и да се зачинат, да бидат без запршка, а со зачини, и најпосле можат да бидат и незапржени и незачинети. Јагнештата што се прави со месо од Шарпланина треба да биде ваква.

Потребни состојки :

– 1 jагнешка глава

– 250 гр.Јагнешки црн дроб

-200 гр.Јагнешки бел дроб

– 1 китка Млад кромид

-3 чешниња лук

-50 гр. ориз

-1 китка магдонос

Начин на подготовка:

Исчистена и измиена, главата ставете ја во тенџере со вода, додајте ги исечканите кромид, магдонос и лук и варете ја додека не омекне. Кога ќе се свари главата, одделете го месото од коските па повторно вратете го месото во чорбата. Исечете го дробот на поситни парчиња и заедно со оризот и исечканите моркови ставете ги во чорбата. Кога ќе се свари оризот, посолете ја чорбата, ставете изматено јајце и сок од лимон. При послужување, ставете во чорбата сечкан магдонос.

SHARE