Со дуели во Скопје и Тетово беше отворено 23. коло во Македонскиот фудбалски шампионат. Во поважниот, Работнички доживеа пораз дома од Шкендија со 2-0, а Ренова минимално го совлада Пелистер со 1-0. Другите мечеви за овој круг се предвидени за утре од 14 часот, а во нив Скопје се среќава со Вардар, Силекс со Шкупи, а Победа со Академија Пандев. Сигурен лидер на табелата со 17 бодови разлика е Шкендија, Вардар е втор, а Силекс трет.

Еве ги головите од арената Филип втори.

SHARE