Во Скопје на напуштена локација се наоѓа мермерна плоча со натпис од бугарска црква која настрадала во бомбардирање кон крајот на Втората светска војна, пишува бугарската агенција БГНЕС.

Дефинитивно ќе ја заштитиме и зачуваме мермерната плоча што припаѓаше на стариот храм „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, изјавил за БГНЕС, портпаролот на македонското Министерство за култура, Петрит Сарачини.

„Министерството за култура е запознаено за случајот и моментално ја утврдуваме точната состојба. Сè што зависи од нас ќе биде направено“, рекол портпаролот.

Станува збор за мермерна плоча што датира од 1879 година и на неа пишува „Главна врата на бугарската народна црква на Рождеството на Пресвета Богородица, 20 јули 1879 година“, изјавил Сарачини.

БГНЕС потсетува дека црквата била изградена во 1809 година од страна на мајсторот Дамјан Јанкулов Рензовски (1770-1834), кој бил претставник на Дебарската школа. Покрај градител, тој исто така бил и сликар. По неговата смрт, храмот го довршиле неговите синови.

Црквата свечено била посветена на 1 мај 1835 година, во чест на раѓањето на Пресвета Богородица. Во средината на 19 век имаше училиште во дворот, во кое подучувал Јордан Хаџиконстантинов Џинот. Подоцна, училиштето станало познато како педагошко бугарско училиште.

Храмот бил уништен од пожар што изби во 1944 година како резултат на сојузничкото бомбардирање на 5-ти септември до 6-ти септември таа година

Агенцијата пишува дека „во 1872 година, девет десетини од населението на тогашниот скопски санџак, кој освен Скопје ги вклучувал градовите Тетово, Куманово и Врање, изразиле желба да се приклучи на Бугарската егзархија“.

 

SHARE