Џентилони брутално искрен кон З. Балкан: Не од љубов туку од страв од Русија

Италијанскиот премиер Паоло Џентилони во Трст им порача на западно балканските земји дека ЕУ не е „зад аголот“ што значи дека нивниот влез во унијата нема да биде лесен и брз но во исто време ги охрабри со најавата за отворени врати.

Потребата од ваков пристап кон регионот тој не ја образложи со некакви хумани или цивилизациски причини на ЕУ туку со стравот дека Русија или некоја друга глобална сила може да го зголеми своето влијание на Балканот.

Според него најголемите трговски партнери во регионот Италија и Германија не смеат да дозволат други да ги пополнуваат дупките кои што би настанале со затворање на ЕУ за Македонија, Албанија, Босна, Србија, Косово и Црна Гора.

SHARE