Се плашиме дека многу набргу, ќе се отвори прашањето дали всушност и повторно Франција е инструментализирана токму од Грција, а со тоа ќе се доведе под знак прашање токму Преспанската спогодба зад која и Вие лично застанавте, се вели во писмото што македонски интелектуалци му го испратија на францускиот претседател Емануел Макрон.

„Ние како група македонски интелектуалци, вистински поддржувачи на системот на вредности врз кои што се темели Европската унија, би сакале да Ви укажеме дека блокирањето на процесот на евроинтеграции на нашата држава само од страна на Франција, е некореткно и нечесно и во голема мера опасно. Со огромен напор и учество на голем број граѓани нашата држава успеа да излезе од рамката на затвореното општетсво. Со уште поголем напор и по цена на големи внатрешни превирања  изврши уставни измени со што се преименува од Република Македонија во Република Северна Македонија, прифаќајќи преседан дотогаш невиден во историјата на меѓународното право, и нешто што како услов Европската унија го нема поставено спрема ниту една од земјите членки при нивниот прием“.

Ова е дел од отвореното писмо до францускиот претседател Емануел Макрон потпишано од Александар Тортевски, Мирјана Најчевска, Марко Дамевски, Татјана Олумчева, Самуил Стојановски, Виктор Стевиќ, Сенад Аруч и Виолета Димитровска.

Извор: Фокус

SHARE