Во Воден бараат да се учи македонски јазик


„Македонското движење за промоција на мајчиниот јазик Крсте Мисирков” од општината Воден (Едеса) бара да обезбеди училишен простор за организирање на часови за македонскиот јазик.

Седиштето на ова здружение е во С’ботско (Аридеа), каде со многу потешкотии се организираат часови по македонски јазик.

„Ако не добиеме одговор од општинските власти во Воден, тогаш некако ќе се снаоѓаме“, вели Евгенија Нацулиду од здружението.

Една од варијантите, вели Нацулиду, е часовите да ги држиме преку интернет, бесплатно, еднаш неделно, за што веќе имаме и соодветна опрема. пренесува МКД.МК.

SHARE