Ако се суди по прегратката на Заев и Коѕијас, името е решено (ФОТО)

Срдечна и невообичаено интимна беше прегратката на премиерот Заев со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, со кого тој се сретна попладнево.

Ваква блискост меѓу двајца политичари од двете земји досега не е забележана од македонската независност. Барем не во јавност.

Ако се суди според срдечноста и блискоста искажана на сликата спорот за името ќе биде решен многу скоро на начин на кој двете страни ќе бидат задоволни и ќе се чувствуваат како победници.