Алаѓозовски демантира дека потрошил 9.000 евра службени пари за кафеани

„Демантирам дека сум потрошил 9.000 евра по кафеани. Непрецизно е пренесена сметката од бифето на Министерството од околу 430.000 денари“, пишува на својот фејсбук-профил министерот за култура Роберт Алаѓозовски по информациите според кои тој драматично ја надминал сумата од 500 евра месечно за трошоци, дадена од Владата за сите министри.

„Тоа се трошоци од вода и кафе за сите што не се вработени, а дошле како гости, како членови на комисии, тела, работни групи, амбасадори, синдикати, граѓани, уметници. Тие се формално фактурирани на име на министерот“, пишува Алаѓозовски.