Албанскиот премиер изјави дека ќе започне разговори со македонската влада за продолжување на изградбата на „Патот Арбери“, кој ќе ги поврзува Тирана и областа Дибра – и на македонска територија.

Така, Дибра ќе стане големо соседство во Тирана, бидејќи интеграцијата со главниот град ќе биде целосна, рече албанскиот премиер, пренесува порталот „Shqip„. Дибра ќе се врати во дворот на Тирана како метропола, и тоа ќе доведе до развој во економијата, туризмот, земјоделството и во животот на луѓето, рекол премиерот.

Тој, на средба со граѓаните на Дибра, ветил дека инвестициите ќе бидат затворени во рамките на овој мандат на владата.

За можноста за продолжување на автопатот, кој е планирано да биде готов за три години, ќе било соопштено на заедничката седница на Владите на Албанија и Македонија која ќе се одржи во Поградец, изјавил Еди Рама.

На средбата, Рама изјавил дека во Дебар започнува реконструкцијата на музејот на Скендербег.