Александар Македонски замина од скопскиот аеродром (ВИДЕО)

Статуата на Александар Македонски качен на Букефал висока 1,5 метри, во пристанишната зграда на аеродромот во Скопје, синоќа во доцните часови беше отстранета.

„Отстранет споменикот на Александар Велики од аеродромот во Скопје“, беше еден од насловите на веста која синоќа ја објавија повеќе грчки медиуми.

Ова е уште еден чин од спроведувањето на одлука на Владата за преименување на имињата на скопскиот  аеродром и на автопатот, со образложување дека Македонија демонстрира подготвеност за градење мерки на доверба со Грција.

Статуата беше поставена во 2011 година како донација од турската компанија „ТАВ“, која од 2010 година стопанисува со аеродромот.

Пред шест дена фирмата ТАВ, која стопанисува со скопскиот аеродром, го отстрани написот со „старото име“ на аеродромот, кој неколку години го носеше името „Александар Велики“.

Нешто порано почна отстранувањето на шесте патокази кон аеродромот и уште 19 на автопатот, кој во иднина ќе се вика „Пријателство“ наместо досегашното „Александар Македонски“.

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас најави дека (сега кога името на аеродромот е сменето) од Атина ќе дојде во Скопје со авион и тоа би бил прв лет на оваа релација по подолг период.

Дојче веле денес пишува дека отртранувањето на статуата и преименуввањето на аеродромот восегашното Меѓународен аеродром Скопје“ го отвора патот за воведување авионска линија Атина – Скопје.