Американец илегалец во Македонија (Видео)

Фотографот Фил Лампрон е фатен во правниот лавиринт на македонската администрација и со месеци е заглавен во земјава.

Лампрон е државјанин на САД кој е илегалец во Македонија бидејќи болест го спречила да ја напушти државата навреме.

Откако ги пречекорил роковите за престој и не може да извади нова виза за престој тој сега може да биде протеран од Македонија каде престојува од лани.

Неговиот избор при напуштање на Македонија во законски рок бил: да замине и да умре или да остане и да живее.

Целата приказна за американскиот илегалец во Македонија на видео платформата Види Вака