Организацијата на американските медиуми (News Media Aliance) побара од Конгресот да ги измени антимонополски закони со кои се забранува здружување на компании од ист сектор. Претставниците на печатените медиуми во САД сакаат да бидат обединети во спротивставувањето кон интернет гигантите Фејсбук и Гугл кои имаат огромна предност во однос на приходите од реклами.

Оваа организација се жали што уредниците се ограничени со правилата поставени од страна на “дуополот” од Фејсбук и Гугл во врска со начинот на објавување на информациите, хиерархијата и наплатата.

“Тие правила ја направија информацијата роба и овозможија ширење на лажни информации, па тешко е да се разликуваат вистинските и проверени вести”, вели организацијата.

Истражувачкиот центар Pew Research Center објави во јули 2016. година дека 38 проценти од возрасните Американци редовно се информираат преку интернет, а кај групата на возраст од 19 до 29 години, тој број е поголем од 50 проценти.

Во анкетата на Pew Research Center од мај 2016. година се вели дека 44 отсто од возрасните Американци се информираат на Фејсбук, а втор на таа листа со девет проценти е Твитер.