Андреј Врабачев: Регионот Македонија треба економски да се поврзе

Македонија, како регион со своите три дела – Егејска, Пиринска и Вардарска Македонија – не може да функционира добро доколку не е поврзан.

„А врската меѓу Пиринска и Вардарска Македонија во голема мера ќе ја подобри ситуацијата на двете страни, бидејќи овој регион во моментот не функционира правилно. Се разбира, двете страни имаат интерес за бизнис“, изјави меѓународниот експерт за безбедност и идентитет, Андреј Врабчев, за Блумберг ТВ, Бугарија.

Што се однесува до Македонија, она што Бугарија мора да го направи е да биде лидер на Балканот, да донесува одлуки и да го стимулира развојот, а не да врши притисок, пренесува Днес.бг.

Врабачев смета дека Бугарија е многу поголем пазар од Македонија, но ни Македонија не е лош партнер.

„Во областа на туризмот, Македонија можеби е втора земја по Грција“, вели експертот.