Андреј Ковачев: Ќе има средба Заев – Ципрас!?

Се очекуваат средби на ниво на премиери меѓу Република Македонија и Грција за изнаоѓање на трајно решение на спорот за името, соопшти заменик-претседателот на групата на Европски народни партии во Европскиот парламент, Андреј Ковачев, по средбата во Скопје меѓу европратеници и македонскиот премиер Зоран Заев.

Андреј Ковачев ја предводеше мисијата на членовите на Групата на ЕНП во Европскиот парламент во Македонија, а во составот на делегацијата учествуваат уште европратеници од Естонија и Словенија. Тие се запознаа со ситуацијата во регионот на Западен Балкан, како и со пречките во процесот на евроинтеграција на Македонија, јавува денеска БГНЕС.

Европратениците разговараа со Заев за приоритетите на Македонија, како и за средбата меѓу министерот за надворешни работи Никола Димитров и неговиот грчки колега Никос Кодѕиас. Разговорите меѓу двајцата министри за надворешни работи ќе послужат како основа за претстојниот круг преговори за името на Македонија и Грција со специјалниот претставник на ОН – Метју Нимиц на 30-ти март во Виена, јави БГНЕС повикуваки се на европратеникот Ковачев.