Ве потсетуваме дека од денеска започна пријавувањето преку Интернет и истото непрекинато ќе трае во периодот до 4 јули. Добитниците на влезници потоа ќе бидат одредени преку лотарија, бидејќи се очекува голем интерес за следењето на дуелот на 8. август во Скопје меѓу Европскиот првак Реал Мадрид и освојувачот на Лига Европа, Манчестер Јунајтед.

УЕФА од ноќеска постави апликација на својот сајт http://www.uefa.com/uefasupercup/ticketing/index.html и на неа лесно ќе можете да дојдете до детали како да аплицирате, на колку билети можете да претендирате, кога и како ќе се одвива лотаријата и како да платите. Деновите беа објавени цените од 15 до 38 евра во зависност од местата што ќе ги добиете.

Вкупниот капацитет на стадионот е 33.400 места, а УЕФА допрва ќе го соопшти капацитетот на Телеком арената во Скопје односно своите пресметки, колку билети ќе бидат наменети за неутралната публика и пуштени во продажба, а колку ќе добијат навивачите на учесниците во Суперкупот.