Атина пак го искара Хан дека рекол Македонија

„Го повикуваме комесарот Хан да го почитува меѓународното законодавство и да не ги прекршува, меѓу другото, и одлуките и обврските на самата ЕУ. Особено во  критичен момент како што е денешниот кога преговорите се во тек“ – се вели во денешното соопштение на грчкото Министерство за надворешни работи.

Повод за реакцијата е, „повторната погрешна употреба на името на ПЈРМ“ од страна на еврокомесарот Јоханес Хан за германски „Шпигел“, пренесе АНА-МПЕ.

„Неговите повторувања несоодветните фрази, не придонесуваат за постигнување напредок во преговорите за името. Исто така, не се во согласност со конструктивната улога што треба да ја имаат членовите на Европската унија, соопшти грчкото МНР испровоцирано од тоа дека еврокомесарот продолжува да ја нарекува Република Македонија со уставното име.