Вечерва се одиграа првите средби од 1/8 финалните двобои на Баерн со Бешикташ и на Челзи со Барселона во Лигата на Европските фудбалски шампиони. Тоа беа петтата и шестата двојка, по што утре за затворање на првиот круг ќе се игра и на соочувањата: Севиља-Манчестер Јунајтед односно Шахтјор-Рома.

Што се однесува до вечерашните натпревари. на Алијанц арена Германците ја оправдаа улогата големи фаворити и славеа со 5-0 со головите што ги постигнаа Милер во 43, Коман во 53, Милер повторно во 66 минута, а потоа и два Левандовски во 79 и 88 минута. На Бундес тимот работата му беше олеснета со исклучувањето на Вида рано во мечот, уште во 16 минута.

На Стенфорд бриџ Челзи и Барселона одиграа 1-1. Вилијан два пати ја погодуваше рамката во првото плувреме, пред да стрела на вистинското место во 62 минута, а 13 минути подоцна одговори Меси за поставување на конечниот резултат.

Од минатата недела, потсетуваме предност стекнаа Реал, Ливерпул, Манчестер Сити, па и Тотенхем.