Немаме нималку респект или страв кон Светскиот првак за играчи до 20 години иако голем дел од таа селекција вечерва ќе игра за нашиот противник во средбата број 2 за нас на Европското младинско фудбалско првенство во Полска. Стартува во 18 часот и доаѓа по поразот од Шпанија од 5-0, но воопшто не не деморализира. Напротив во селекцијата на Благоја Милевски за средбата со Србија се подготвуваат како за нов почеток и шанса да останеме во игра за полуфиналето.

“За никого од нас првенството не е завршено, и покрај високиот пораз од Шпанија. Напротив веруваме дека резултатски можеме да се вратиме. Па, ниту ќе калкулираме ниту ќе се штедиме, одиме на победа против Србија”, капитенот Бобан Николов го пренесува амбиентот меѓу црвено жолтите.

Блаканскиот дуел на Зависца стадионот во Бидгошч меѓу Македонија и Србија го суди Боби Мадлен од Шкотска, а е дел од 2. коло во групата Б во која селекциите што славеа во првиот круг Шпанија и Португалија ќе играат од 20.45.