БЕСА остана без лидер, раскол во движењето – Села чека шанса

Движењето БЕСА кое е втора политичка сила меѓу македонските Албанци одржа два паралелни состаноци на Централниот одбор во Скопје и Тетово.

Скопското крило на состанокот го разреши Билал Касами од лидерската функција, додека тетовското крило одлучи токму Касами да ја предводи партијата до Првиот конгрес закажан за 24-ти февруари.

На состанокот во Скопје присуствувале Африм Гаши, Зеќирија Ибрахими и Орхан Муртезани.

„Централниот одбор на Двиежењето БЕСА, едногласно одлучи за разрешување на Билал Касами од функцијата претседател на Движењето БЕСА. Се разбира, за ова ќе бидат известени и правните органи и останатите институции. Денеска, исто така е решено да се усвои и Деловник за организирање на Конгресот на БЕСА. За раководител на Комисијата за организирање на Конгресот е именуван пратеникот Неџбедин Карамани, истовремено и најстар член на Централниот одбор. Освен тоа, Централниот одбор реши Неџбедин Карамани, да биде и претставник на БЕСА и вршител на должноста претседател се до Конгресот “ – изјави Орхан Муртезани.

Завчера од функцијата потпретседател оставка поднесе Зеќирја Ибрахими и сега членството е збунето кој ја води партијата.

По повлекувањето на Алијансата на Албанците од владата во јавноста се говори за можна соработка дури и спојување на двете партии со цел конечно уривање на ДУИ од власт.

Засега нема никакви индиции дека ова е причина за расколот во БЕСА.