Битолчанец дел од „Куќата на славните“ во Лујзијана

Поранешниот спикер на парламентот на Лујзијана и пензиониран судија стана двојна легенда откако поради две причини влезе во „Куќата на славните“ на оваа американската федерална држава.

Џими Димос е роден во Битола а како 12 годишно момче во 1950 година со неговиот татко заминал во емиграција во САД каде што завршил факултет и станал политичар во редовите на Демократите.

Димос деновиве стана член на „Куќата на славните“ од областа на правото и правдата а предходно  беше прогласен за член на политичката „Куќа на славните“.

Родениот битолчанец фигурира за почесен член на македонската заедница Димос а со сопругата Дејл во брак е цели 53 години. Татко е на 4 деца. Медиумите досега не објавиле за негови активности поврзани со македонската дијаспора во САД.

Во Македонија како дете тој бил активен во тогашната православна црква а во САД продолжил со црковни активности во Епископската Црква на Милоста откако со семејството се преселил во градот Монро.