Бостон ја доби мајсторката и продолжува по НБА титулата

Бостон Селтикс го совлада Вашингтон Визардс со 115-105 во седмиот меч и по шест години се врати во финалето на источната конференција во НБА. Зелените во својот ТД Гарден беа феноменални во второто полувреме со екипата од главниот американски град особено на преминот од третата во последната четвртина кога со серија од 18-2 создадоа двоцифрена предност која потоа лесно ја задржаа до крајот.
Средбата ја одбележа дуото Ајзеа Томас – Кели Олинак со 29 односно 26 коша што можеби беше помалку од вкупниот збир на двете противнички ѕвезди зошто Џон Вол и Бил Бредли комбинираа 56 поена, но секако беше поуспешно и поради подобрите проценти, а и поради разигрувањето на соиграчи од клупата кои постигнаа дури 48 коша.

Така Вашингтон и по 38 години остана без пласман во финале на конференцијата, а Бостон наскоро ќе ја започне серијата од минимум четири, а максимум седум натпревари против актуелниот првак и се уште, во овој плеј оф, непоразениот Кливленд со тоа што Селтикси ќе ја имаат предноста на домашен терен.