БПЦ не сака да и биде мајка на МПЦ!

Синодот на Бугарската православна црква ќе го разгледува прашањето на 27 ноември, „но шансите за позитивен одговор се минимални“ пишува бугарскиот „24 Часа“.

Весникот цитира извори од БПЦ според кои најверојатно „ќе се откажеме од нивното барање да се признаеме како мајка црква или ќе се посоветуваме со Васеленската црква која, пак, е наша мајка. Сосема мали се шансите за позитивен одговор“.

МПЦ-ОА досега не е признаена од ниедна сестринска црква.

Веројатноста Синодот на БПЦ да ја прифати молбата веќе предизвика реакции надвор пишува 24 Часа. Неколку часови откако Бугарската национална телевизија (БНТ) го објави писмото од МПЦ-ОА до БПЦ, грчкиот црковен сајт „Ромфеја“ реагираше со статија за оваа тема. Односно дека неодамна имало и неофицијални контакти меѓу црквите а дека од бугарскиот Патријарх Неофит било побарано да го преземе местото на духовен татко и да ги поддржи луѓето во Македонија, но Синодот стравувал да го направи првиот чекор.

24 Часа го пренесува делот од писанието на грчкиот сајт во кој се вели дека „бугарската црква слободно ги користи термините ‘Македонија’ и ‘Македонска црква’  со констатација дека „грчкото општество е многу чувствително за користењто на името Македонија“.