„Не за прв пат, Турција се обидува да си припише заслуга дека прва ја признала Република Македонија. Такви тврдења веќе имаше од страна на турските власти во текот на изминатите годините. Сепак, останува фактот дека Бугарија прва ја призна Република Македонија, на 15 јануари 1992 година под нејзиното уставно име“, пишува „Днес.бг“.
Турција го направи тоа неколку недели подоцна, како и Русија, а најголема заслуга за тоа има сега веќе покојниот претседател Жељу Желев, кој ги убеди двете земји да го сторат тоа.
По средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов неделава, Ердоган изјави: „Ние сме првите кои го признавме уставното име на Република Македонија. Она што го мислевме тогаш го мислиме и сега. Не мрдаме ни лево ни десно“, рече тој, инсистирајќи дека во дипломатијата Турција не игра „двојно“.