Венецијанската комисија „го чека“ Законот за јазиците

Владата го утврди законот Законот за употреба на јазиците, го испрати во Собранието, пратениците го изгласаа на 11 јануари, претседателот на државата пред три дена не го потпиша указот… но никој сѐ уште не го испратил текстот на Законот до Венецијанската комисија – како што беше ветувано – чии угледни правници требаше да дадат советодавно мислење за овој законски акт кој создаде низа контроверзи.

Собранието сега има рок до 9 февруари да закаже нова седница на која треба да се разгледуваат забелешките на претседателот и пак да се гласа.

Но и овој пат мислењето на Венецијанската ќе остане непознато, пишува МКД.МК, зашто и утре некој да го испрати, најрано одговор би можело да се добие – во април.

Текстот не е пратен од непознати причини, а единствено што последно е стигнато на адреса на Комисијата е барањето од Министерството за труд и социјална политика за нацртот на законот за превенција и заштита од дискриминација.

 

А, премиерот Зоран Заев, уште во јули минатата година изјави дека „текстот на Законот за јазици кој беше искористен како алиби за нападот на Собранието на 27 април ќе оди на проверка во Венецијанската комисија… Законот за употреба на јазиците, кога Владата ќе го утврди, ќе го достави до Венецијанската комисија за мислење“.

Вицепремиерот Бујар Османи, потсетува МКД.МК, на 11 јули лани изјави дека  „Додека трае расправата во Собранието, ќе се добие препорака од Венецијанската комисија“…

Целиот текст на МКД.МК може да го погледнете тука.