Да се надеваме дека мерките на властите ќе бидат малку поделотворни од оние пред новогодишните и дека Скопје ќе „падне“ значително на списокот на најзагадени градиови во светот.

Во моментот е на „респектибилното“ трето место во светот по загадувањето на воздухот, веднаш по Дака во Бангладеш и Колката (поранешно Калкута)  во Индија, покажуваат мерните станици.

Концентрациите на штетните ПМ10 честички на некои места во главниот град беа и 12 пати над дозволеното, јавуува порталот „фактор“. .

Следат Лахоре, град во Пакистан, на 5 место е Шангај во Кина и на 6 место е Њу Делхи во Индија.

Наведените земји со години имаат проблеми со аерозагадувањето, а Македонија енормно високо загадување на забележа и во декември лани кога на еден ден беше воведен бесплатен ЈСП превоз во главниот град.