Владика Тимотеј: СПЦ во мај го отвора прашањето за МПЦ-ОА

„Српска православна црква (СПЦ) нема сериозна намера да го реши црковниот проблем со МПЦ-ОА, а тој нејзин став не е променет веќе неколку години“, смета митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј.

„Постои голема веројатност на мајскиот собор на СПЦ да биде отворено прашањето за натамошното делување и решавање на црковниот спор со МПЦ-ОА, но, искрено, не верувам дека на тој собор ќе биде постигнат некаков договор“, тврди владиката Тимотеј за весникот „Слободен печат“.

За барањето на МПЦ-ОА за заедничко сослужување со БПЦ вели дека тој потег е паметен и би донел само позитивни работи.

„Не знам дали заедничкото сослужување со МПЦ-ОА би предизвикало каква било штета или последици за БПЦ поради тоа што сослужува со црква која е надвор од единството, но за тоа прашање нека размислува бугарскиот црковен врв“, порача Тимотеј.