Во април пад на индустријата за речиси 2 %

Продолжува падот на индустријата во месец април. Во споредба со индустриското производство за истиот месец лани сега има намалување од 1,9 отсто , соопшти Државниот завод за статистика.

Во првите четири месеци од годинава, индустријата е пониска за 1,6 отсто во однос на истиот период лани.

Секторот рударство и вадење камен има пораст од 2,9 отсто, но минус од 2,8 проценти е забележан кај преработувачката индустрија.

Кај снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има зголемување од 1,2 отсто.

Намалувањето во секторот преработувачка индустрија се должи главно на падот кај производството на прехранбените производи, пијалoците, облеката, производите од гума и од пластични маси, металите и производството на електрична опрема.