Милитанти денес извршија бомбашки напад врз џамија во провинцијата Синај во Египет, при што загинаа 235 лица, соопштуваат државните медиуми.

Сведоците велат дека ал-Равада џамијата во градот Бир ал-Абед, во близина на Ал-Ариш, била цел за време на петочната молитва.

Тоа е најсмртоносниот напад од ваков вид, откако во 2013 година почна исламистичкиот бунт на полуостровот.

Египетскиот претседател Абдул Фатах ал-Сиси вети дека ќе одговори со „брутална сила“ по разговорите со безбедносните претставници.

Ниту една група сеуште не презеде одговорност за нападот, но милитантите поврзани со таканаречената Исламска држава се одговорни за голем број смртоносни напади во покраината.

Обично цел на нападите беа безбедносните сили и христијанските цркви.