Плачковица е средновисока планина во источниот дел од Македонија. Плачковица има три кањони: Камник, Козјак и Зрновка со високи карпи, реки, водопади, преслапи. Реките на северната страна имаат длабоки долини и голем надолжен пад. Така на Зрновска Река има повеќе брзаци, водопади и џиновски лонци.
За многумина кањонот Камник со својата убавина претставува Колорадо во мало. До сите кањони е обезбедена потребна инфраструктура за непречено движење.
Планината Плачковица има бројни пештери, од кои само пет се испитани и достапни за посетители.


Најголема е таканаречената “Голема пештера”, испитана во должина од 600 метри. Таа претставува вистински бисер со своите пештерски украси и е постојан предизвик за спелеолозите. Ќуп, Ајдучка, Туртел и Понор се помали, но i poлесно достапни за посетителите. До нив водат маркирани патеки.


Во селата на оваа питома и пребогата со вода планина живее народ кој себе се нарекува “Јуруци”. Јуруците потекнуваат од турската област Конија. Во Македонија и на Балканот доаѓаат во 14. и 15. век со освојувачките походи на Османлиите.

Јуручките жени и до ден-денескa секојдневно ги носат живописните носии во колоритни бои и се активни чувари на традицијата.