Актуелниот Европски првак бркаше негатива, а до пресвртот дојде во последните десет минути, по што ПСЖ кој загуби во Мадрид со 3-1 треба да жали што не ја материјализираше подобрата игра кај Реал. Водството на Французите го обезбеди Рабио, по што Роналдо даде два гола и стаса до бројката од 101 погодок во ЛШ во дресот на „кралевите“, а точка на дуелот барем за првите 90 минути стави Марсело.

https://youtu.be/gMX9Txi65c0

На Драгао стадионот во Лисабон, Ливерпул беше немилосрден со Порто. Салах, Фирмињо и Мане три пати беа стрелци за победа која веднаш значи четвртфинале за црвените од Енфилд.

https://youtu.be/eBmSoI8Fmc4