Гитарата на која американскиот музичар Боб Дилан свиреше на концертите во 1970-тите е продадена на аукција за речиси 400.000 долари, соопшти аукциската куќа „Херитиџ Далас“. Купувачот, кој инсистираше да остане анонимен, плати 396.500 долари за акустичната гитара Мартин Д-28, се вели во соопштението.

Дилан свиреше на таа гитара на концертот на Џорџ Харисон за помош на Бангладеш, кој се одржа во Њујорк во 1971 година и на турнејата на Ролинг Стоунс од октомври 1975 до мај 1976 година.

Гитарата ја продаде мајсторот за гитари на Дилан, Лари Крег.

Електричната гитара на Боб Дилан со која тој свиреше на концертот во Њупорт во 1965 година, претходно беше продадена на аукција во Њујорк за 965.000 долари.