Голманот на Барселона и на македонската машка ракометна репрезентација полека го завршува престојот во Барселона и размислува за нов клуб и за локацијата каде ќе ја продолжи, сега излегува пребогатата, преубавата кариера.

„Имам понуда од Бенфика и таа е сосема сериозна“ потврди самиот чувар по мечот на Барса против Ла Риоха во која блескаше со 14 одбрани, но демантира дека сето е завршена работа.

Ристовски веќе има настапи во трите најсилни лиги во светот и титули во Бундес и во Шпанската лига со Рајн Некар и Барселона, а интенцијата му е враќање во Германија.

„Изненаден сум од пишувањата за мојата иднина, особено што никој не ме побарал за изјава, консултација, прашање, а се пишуваат непроверени работи. Точно е дека имам понуда од Бенфика, но тоа е единствено точно до сензационалните текстови што се појавија во јавноста. Се друго е чиста шпекулација“ рече денеска Борко за порталот Ekipa.mk демантирајќи дека се е завршено и дека заминува во Португалија.